• Мартин Танасковски

Вардар игра во топ-форма оваа пролет. Тимот нема пораз седум меча во сите натпреварувања и под водство на Гоце Седлоски е на добар пат да ја оствари целта, тоа е опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Месец април ќе биде доста интересен за „црвено-црните“, затоа што во следниов календарски месец тимот го чекаат дуели со четирите директни ривали во битката за опстанок. Пет тима се израмнети на дното на табелата, разликата од последниот до осмиот тим е четири бода.
- Ситуацијата на табелата е следна:
8. Вардар - 25 бода
9. Тиквеш - 22 бода
10. Воска Спорт - 22 бода
11. Брера - 21 бод
12. Беса - 21 бод
*зелените позиции носат опстанок, жолтото бараж, црвеното испаѓање
Маратонот за опстанок за Вардар започнува на 6 април со гостување кај Брера. Три дена подоцна, Вардар повторно игра со Брера, но во Купот. На 13 април, Вардар ќе му биде домаќин на Тиквеш, додека на 20 април, избраниците на Седлоски гостуваат кај Воска Спорт. На 23 април закажан е реваншот од Купот со Брера, а априлскиот маратон се затвора на 27 април со домашен дуел на Вардар против Беса од Добридол.
Овие дуели се добра шанса за Вардар да ги освои потребните бодови за спас и да има мирен финиш на сезоната во ПМФЛ.