Радио Милева тажна вест

Бившиот голман на Партизан пронајден мртов: Се сомнева дека извршил самоубиство? (ФОТО)

Бившиот голман на Партизан пронајден мртов: Се сомнева дека извршил самоубиство? (ФОТО)

Некогашниот голман на фудбалскиот клуб „Партизан“, Радиша, Раша Илиќ (47) е пронајден мртов во Бајина Башта. Според Телеграф, постои сомневање дека се самоубил скокајќи од тераса, но оваа информација се уште не е официјално потврдена.

Радиша Илиќ е роден во Бајина Башта, каде почнал да се занимава со фудбал, по што од Ужице се преселил во Слобода, каде останал четири години. Неговите одлични настапи во Ужице го препорачаа во Партизан, каде првпат му се приклучил на клубот  во 1998 година. За црно-белите бранеше  во два наврати, првиот пат од 1998 до 2003 година, а потоа и од 2010 до 2013 година, а имаше и еден настап за сениорската А репрезентација на Србија.

Фото:  YouTube/kulturoltar

To top