ДИЖС утврди дека нема цијанид во Крива Река, вели Гиновска, за ширење паника се одговара кривично

Нема цијанид во водите на Крива Река во Крива Паланка и нема помор на риби , објави директорката на Државниот инспекторат за животна средина по добиените резултати од акредитирана лабораторија и земените мостри од реката.  Градоначалникот, Сашко Митовски, Според неа, објавувал непрецизно толкувани резултати од анализата што ја побарала општината откако на 14 март технолошка вода се излеа во Крива Река од пукната цевка во рудникот „Тораница“. Инспекторите веднаш оизлегле на терен и порача дека за ширење паника  се одговара кривично.

„Тој на прес конференцијата направи паника во населението и рече дека неколку стотина пати над дозволеното има цијанид. Екоцид не се докажува со земање еден литар вода од едно место. Цијанид над дозволеното нема, а за ширење паника се одговара кривично. Овој случај ќе има правна разрешница, а јавноста ќе биде запознаена со сите мерки кои ќе ги преземе инспекторатот“, изјави Ивана Гиновска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина.

На компанијата „БУЛМАК 2016“, изречена им е казна заради инцидентот со покнутатата цевка  од околу 200 илјади евра за правниот субјект и 10.000 евра за одговорното лице, која е најголема казна во законот за животна средина.

„Компанијата БУЛМАК, на ден 24.03.2025г. од страна на ДИЖС е задолжена со решение да преземе мерки за процена на евентуална штета врз животната средина. Таа ќе биде извршена од страна на надворешни стручни лица и веднаш по добивање на официјалниот извештај кој ќе покаже дали имало било какво влијание врз почвата, водата и живиот свет и дали има последици врз животната средина“, најави Ивана Гиновска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина.

Државниот инспекторат прво ќе го почека официјалното вештачење, по што, ќе се знае дали ќе има кривична пријава за компанијата која стопанисува со рудникот „Тораница“.