Зимата допрва доаѓа: Рускиот поларен бран од среда ни носи -15 степени!

Под влијание на Руски поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен Руски бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови“, објави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од…
Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко…
Трендафилов: Сите излегуваме на улица!
Слободан Трендафилов, првиот човек на Сојузот за…
Обвинение за сообраќајката во која загина Фросина…
По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно…
Кривична за полицаец кој се заканувал на…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
„Кој е следен?“: Оградување од сите политички…
ОФИЦИЈАЛНО ОГРАДУВАЊЕ ОД ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ - соопштение…