Салиу: Се заканувате како премиер господине Мицкоски, ама премиер нема да бидете вечно!

*Објава на Фејсбук на новинарот Фуркан Салиу:

– Кога Мицкоски се заканува од прес-конференции, пред медиумите, дека ќе влече луѓе за уши и дека ќе им суди по свој закон, во глава ми се врти оваа слика…

Едноставно, се прашувам: кого треба да убеди Мицкоски дека е храбар?

Другарите од основно и средно? Братучедите?

Со вакви изјави само го потврдува тоа што го зборува ДУИ – дека на Крешник Бектеши му суди Мицкоски, а не судот.

Дека актуелен функционер не е уапсен, не затоа што нема вина, туку затоа што Мицкоски се поставува и како обвинител, и како судија.

И најлошото во целата ситуација е тоа што со оваа гарнитура на политичари, кои се активни повеќе од деценија, правда во државата – никогаш нема да има!

Се заканувате како Премиер на државата, г. Мицкоски.

Но знаете дека Премиер нема да бидете вечно. А со вакво однесување само ја вжештувате таа веќе постоечка хостилна атмосфера меѓу двете најголеми етнички заедници – која секогаш ескалира кога вашата партија е на власт.

Нема иднина во политика базирана на национализам и омраза. Но, очигледно, локалните избори ви се поважни од иднината на државата што декларативно велите дека ја сакате. – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: