,,Дебелиот” Лука правеше склекови за инает на човекот кој го избрка од Далас

t

Словенечкиот кошаркар, Лука Дончиќ, испрати јасна порака пред натпреварот против „неговиот“ Далас во Лос Анџелес, прв откако сензационално беше заменет во составот од Холивуд.

Излегувајќи на теренот, тој направи серија склекови, гест што многумина го протолкуваа како одговор на контроверзниот трејд што го одведе во Лејкерс. Далас реши да се ослободи од Дончиќ, а главниот иницијатор за трансакцијата бил генералниот менаџер Нико Херисон, кој со месеци го подготвувал овој потег. На крајот, Дончиќ заврши во Лејкерс, додека Далас во замена го доби Ентони Дејвис.

Освен што ја загуби својата ѕвезда, Далас се најде под жестоки критики, а Херисон стана мета на незадоволните навивачи. Дел од нивната фрустрација доаѓа и од шпекулациите дека клубот намерно пуштал гласини во медиумите дека Дончиќ има прекумерна тежина и дека не е доволно физички подготвен за највисоко ниво, со цел да избегнат да му понудат супер-максимален договор летово.

Дончиќ, меѓутоа, одговори на свој начин. По склековите, упати остар поглед кон Херисон, а потоа, по една успешна тројка, повторно го фиксираше со поглед. Публиката во „Крипто.ком Арена“ имаше свој став – секој пат кога Дончиќ ќе направеше спектакуларен потег, одекнуваше скандирањето: „Ти благодариме, Нико!“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје…

(Видео) Тошковски за година дена не успеа…

Веднаш по доаѓањето на функцијата технички министер…

Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…

Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…

24 лица се во притвор, 30-тина се…

Одземени 479 градежни лиценци, објавен списокот со…

Владата информира дека Министерството за транспорт во…