Челси подготвува понуда за Родриго

Челси подготвува понуда за Родриго

пред 2 недели

Челзи, кој е на добар пат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, има амбициозна цел во летниот преоден рок. Планот на клубот е да го довенесе во Лондон, Родриго (24), објавија британските медиуми повикувајќи се на шпански извори.

Тимот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен да му понуди на Реал Мадрид 120 милиони евра за бразилскиот репрезентативец, чиј договор со „кралскиот клуб“ е со важност до јуни 2028 година.

Родриго оваа сезона постигна 13 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, но неговата минутажа се намалува, бидејќи Винисиус и Килијан Мбапе имаат загарантирано место во нападот. Родриго пристигна во Реал во јули 2019 година од Сантос во трансфер вреден 45 милиони евра.

Тренерот на „сините“, Енцо Мареска има визија да создаде напаѓачка тројка што би можела да се натпреварува со најдобрите во Премиер лигата и Лигата на шампионите, составена од Родриго и Кол Палмер на крилните позиции и Николас Џексон како централен напаѓач.

На седум кола пред крајот на Премиер лигата, Челзи е на четвртото место, а петте најдобри екипи следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.

Ливерпул и Арсенал се сигурни на првите две места, додека Нотингем Форест, Челзи, Њукасл, Манчестер сити и Астон Вила се борат за преостанатите три места кои водат во Лигата на шампионите.

Share