(ВИДЕО) Студентите се уште пред РТС, полицијата туркајќи се со демонстрантите ги внесе вработените во зградата

од Milan1
26 прегледи

Белградските студенти се уште се пред РТС. Како што наведоа на социјалните мрежи, полицијата утрово успеала да ги внесе вработените во зградата на  јавниот сервис, но дошло до гужва со студенти.

Од „Студентите во блокада“ велат дека ги немало доволно за посериозно да и се спротивстават на полицијата, па ги повикаа сите што можат да дојдат до зградата на РТС во Таковска.


„Накратко, бидејќи бевме малкумина, не блокираа и лесно не разделија, па ги вметнаа работници во РТС“, велат „Студентите во блокада“.

Насобраните скандираат „Народна полиција“ и ги држат рацете нагоре, како знак дека сакаат мирен протест.

Слични содржини