Интензивно се трага по исчезнатото момче од Неготино

Од:

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.

Во петокот, од СВР Велес рекоа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.

– Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена.

Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.

Би можело да ве интересира

Нова несреќа со смртни последници, загина 34-годишнен штипјанец

Директор на струшко училиште имал лажен сертификат за странски јазик, МВР поднесе кривична

ВИДЕО: Се повеќе измами со лажни сообраќајки, МВР предупредува да не се наседнува

Катерина Ѓуровски

Возел со 1,35 промили алкохол во крвта, удри млада девојка на улица во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

МВР: Двајца малолетници праќале лажни закани за бомби во училишта

Горан Наумовски