Ова е парцелата во Сарај за која поранешниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети заработи кривична пријава од Финансиската полиција. Според финансиска тој заедно со други петмина вработени во општината, еден инжинер за надзор и една вработена во Град Скопје, го оштетиле буџетот за 1,7 милиони евра. Сомнежите се дека осумтемина и овозможиле на фирмата Азра Идриз од Глумово да изгради зграда на парцела која незаконски била урбанизирана, добила ...
Екс-градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, денеска на прес-конференција зборуваше за кривичната пријава поднесена против него и уште седум лица, откако вчера избегна да одговори на новинарски прашања. Тој денеска тврди дека ова е политички монтирана и неправна хајка од премиерот Мицкоски против него со цел зголемување на мнозинството во парламентот. Финансиската полиција ги сомничи дека тој со останатите осомничени го оштетиле буџетот за 1,7 ...

