
Француската крајно десничарска лидерка Марин Ле Пен во понеделникот вечерта изјави дека судската одлука со која ѝ се забранува да извршува јавно должности поради злоупотреба на европските средства ја елиминирала од претседателските избори во 2027 година, но порача дека ќе продолжи да се бори.
„Да бидеме јасни, јас сум елиминиран од трката, но тоа всушнсот ги елиминира гласовите на милиони Французи“, рече Ле Пен во интервју за телевизијата TF1.
Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на средства до ЕУ наменети за нејзините помошници, кои според пресудата биле пренаменети во нејзината партија, и осудена на петгодишна забрана за вршење јавни должности, што во моментов ја спречува да се кандидира на претседателските избори во 2027 година, освен ако прво не поднесе жалба на пресудата.
Аналитичарите веруваат дека е речиси сигурно дека Ле Пен ќе се жали на пресудата и ниту една од казните нема да се применува додека жалбите не се разрешат.
Сепак, петгодишната казна за јавна функција стапува во сила веднаш, преку таканаречената мерка „привремено извршување“ што ја побараа обвинителите, а ќе биде укината само ако жалбата биде уважена пред изборите.
Ле Пен додаде дека ќе се кандидира за претседател доколку навреме успешно ја поништи одлуката од понеделник.
„Нема да дозволам туку-така да ме елиминираат… Има милиони Французи кои веруваат во мене, милиони Французи кои ми веруваат (…), 30 години се борам против неправдата и затоа ќе го правам тоа и до крајот“, истакна.
Ле Пен рече дека ќе ги искористи сите расположливи правни патишта за да се бори против одлуката со што би ѝ се овозможило „разгледување на кандидатурата за претседателските избори“
Доколку не успее, 29-годишниот челник на партијата што таа ја покрена Национален собир (RN), Жордан Бардела би можел да се кандидира за претседател наместо неа, посочи Ле Пен. „Жордан Бардела е голема вредност на партијата и тоа го кажувам долго време“, рече таа.