Групата Фолтин со турнеја низ Македонија

5 август 2024

Нашата добро позната музичка група Фолтин, во текот на месец август ќе има мини турнеја низ Македонија.

Турнејата ќе се состои од три самостојни концерти, и тоа:
На 8ми август во Струга, во склоп на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм, а локацијата е Дом на култура, Летна сцена. На 16ти август ќе настапат во Битола, каде настанот ќе биде отворен од младите битолски бендови: "Tzar von time", "Siotto jazz" и "Corrosion", а специјални гости ќе бидат Суперхикс. Локацијата е Ракометно игралиште. На 25ти август, пак, ќе настапат во Кавадарци во Вински музеј - Тиквеш, во соработка со Домот на културата Иван Мазов - Климе. 

Објавено:
5 август 2024
Категорија: 
Култура
Тагови: 
Фолтин