Реал Мадрид синоќа стана првиот клуб во историјата кој шестпати елиминрал еден ист ривал во Лигата на шампионите без ниту еднаш да биде елиминиран од него, а заслуга за болните порази на Атлетико од градскиот ривал имаат и поранешни фудбалери на Кралскиот клуб.
Во финалето на ЛШ во 2016 година во Милано, Реал и Атлетико на пенали одлучуваа кој ќе биде европски првак, а единствен што не реализираше од белата точка беше Хуанфран од Атлетико, бек кој кариерата ја започна во Реал. Хуанфран тогаш ја погоди ставивата и беше трагичарот на Јорганџиите.
Синоќа пак рамките на голот беа кобни за Атлетико во пенал-серија против Реал, а фудбалерот кој ја затресе пречката беше Маркос Љоренте, поранешен играч на Белите од Мадрид.
И лани Реал доби една пенал-серија во ЛШ, во четвртфиналето против Манчестер сити, а клучната утка за Сити ја имаше Матео Ковачиќ, поранешен играч на Реал. Неговиот шут беше одбранет од Андриј Лунин.