Кристина Краличин во креација на ЕЛЕНА ЛУКА ја промовираше својата нова книга

26 април 2024

Изминатиов викенд во промо-центарот на Саемот на книга 2024, писателката Кристина Краличин ја промовираше својата нова збирка поезија на насловена „Една ноќ".

Краличин изгледаше беспрекорно во стајлинг на ЕЛЕНА ЛУКА - елегантно црно сако со цветен принт во златна боја надополнето со копчиња во златна нијанса.

Сакото одлично се вклопи со остатокот од аутфитот, бел мини фустан.

Краличин подолго време соработува со нашиот етаблиран бренд одбирајќи уникатни парчиња што совршено одговараат на нејзиниот сензибилитет.

Книгата ја промовираше проф. д-р Ермис Лафазановски кој на почетокот истакна дека Кристина Краличин како писателка има неверојатна енергија и неверојатен потенцијал за пишување, односно се работи за комплетен писател, поет и романописец.

Кристина Краличин прочита неколку песни од книгата кои ги илустрираат двата циклуса од љубовната лирика и етичката вертикала кои се составен дел во нејзината поезија.

По завршувањето на промоцијата, писателката ги потпишуваше книгите за присутните на штандот на Издавачката куќа Чудна Шума.

Објавено:
26 април 2024
Категорија: 
Култура