6.8 C
Скопје
06/04/2025 00:16
МАКТЕЛ

    

Д-р Игневска, Клиника Жан Митрев: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

      

Д-р Катерина Игневска е микробиолог во Клиниката Жан Митрев, која воедно врши и исклучително одговорна дејност, како директор за квалитет и контрола на интрахоспитални инфекции. Со неа разговараме за стандардите и прописите по кои се врши заштитата од интрахоспитални инфекции на клиниката, за обуката на кадарот и за потребните механизми со кои треба да располага секоја здравствена установа со цел да го зачува здравјето на граѓаните.

Може ли накратко да ни го објасните начинот и стандардите по кои се води клиниката, а со цел заштита од интрахоспитални инфекции?

Д-р Игневска: Одговорноста на функцијата контрола на квалитет и превенција на болнички инфекции во позадина значи безбедна и ефикасна здравствена заштита за секој пациент. И кога зборуваме за безбедност на пациент морам да истакнам дека е тоа енормно комплексен процес кој опфаќа бројни мерливи елементи  и започнува од самиот влез на пациентот во болницата, првиот чекор – правилна идентификација, па сите последователни медицински постапки за прецизна дијагноза и ефикасен третман на пациентот.

   

Болницата има јасно дефинирани интерни упатства и мерки за превенција на настанување и спречување на пренос на болнички инфекции кои се креирани според највисоките барања на престижната JCI акредитација, и истите се прилагодени на барањето на националната регулатива во Р.С Македонија.

Болницата од самите почетоци го поддржува концептот на нулта толеранција за болнички инфекции, што навистина бара максимално заложување во креирање на политики и програми, нивно имплементирање, континуирана едукација и вежби со целиот персонал. Секако, на крајот, мониторингот/контролата на сите процеси е она што ни дава потврда за ефикасноста на пропишаните и спроведени мерки.

Дали редовно се врши едукација на вработените, колку често се вршат санитарни прегледи и какви се протоколите за спроведување мерки за заштита од инфекции?

Д-р Игневска: Превенцијата на болничките инфекции е пропорционално зависна од степенот на едукација и подготвеност на целокупниот персонал. Не станува збор само за медицинскиот, тука е и важноста на немедицинскиот и нивното познавање на начинот на пренос на инфекции, важноста на хигиената на просториите, соодветна употреба на дезинфекциони средства, правилно користење на лична заштитна опрема, хигиена на раце и користење на ракавици, ракување со остри предмети, селекција на отпад итн. Секој вработен ги добива првичните насоки при самото вработување, а потоа се вклопува во едукацискиот концепт кој е креиран и се обезбедува од страна на Комисијата за превенција на болнички инфекции.

Континуираниот мониторинг и евалуација на персоналот е клуч за понатамошно правилно стратешко планирање и оптимизација на процесите кои ќе остварат квалитетна  здравствена грижа.

Во однос на санитарните прегледи – тие се во согласност со законските прописи, но интерно тимот за контрола на болнички инфекции дополнително прави ненајавени, рутински проверки на персоналот, на неживата средина и воздухот во болницата со цел да се одржи безбедна средина за пациентите и вработените.

Кој е начинот на изолација на пациентите кај кои се изолирани инфекции, какви се процедурите во клиниката?

Д-р Игневска: Основен принцип при работа со секој пациенти е почитување на стандардните мерки за заштита кои ни се добро познати и универзални. Една од посилните алатки во процесот на превенција на болнички инфекции е изолација на пациенти и/или нивно правилно кохортирање. Во Жан Митрев Клиника сите пациенти при влез во стацинарниот дел на болницата подлежат на микробиолошка обработка која во еден дел има епидемиолошко но, истовремено и дијагностичко значење.

Сѐ до добивање на резултатите пациентите се третираат како во „изолација”, (контактна, капкова или аерогена), а тоа значи дека физички се одделени од другите пациенти и при работа со нив се користи соодветно препорачана заштитна опрема. Дополнително, безбедноста на пациентите се потенцира со можноста да се вклучи негативен притисок во простории каде има пациент кај кој се препорачува аерогена изолација. На тој начин се креира безбедна средина за сите пациенти во болницата, посетителите и за персоналот.

Каква е улогата на микробиолошката лабораторија во контролата на интрахоспиталните инфекции?

Д-р Игневска: Тимот од микробиолошката лабораторија стои на располагање за пациентите во секое време, со цел обработка на примероци во најбрз временски рок и секако критично е навремено рапортирање до клиничарите со препорака за потребни мерки за превенција на инфекции. Мултидисциплинарниот пристап нѐ прави уникатни и исклучително ефикасни во поставување на микробиолошка во согласност со клиничката дијагноза.

Од кои причини најчесто се шират интрахоспиталните инфекции во здравствените установи и дали е потребно решавање на проблемот на национално ниво?

Д-р Игневска: Болничките инфекции се огромен предизвик кој е невозможно да се решава само на институционално ниво. Пациентите едноставно не можеме да ги поделиме, тие циркулираат низ институциите согласно потребите и можностите.

Нашата борба како институција би била многу полесна доколку во сите болници има унифициран пристап за одржување на хигиена на болничките капацитети, спроведување на стандардни мерки за заштита, достапност на услуги од микробиолошка лабораторија и навремена изолација на пациенти, програми за рационална употреба на антибиотици и сите други мерки кои го сочинуваат квалитетот и безбедноста во здравствената грижа.

  

Најново

(ВИДЕО) Хамас: Нема да ги евакуираме заложниците на безбедно, нивната безбедност сега е одговорност на Израел

Sase Ivanovski

Француските синдикати и невладини организации ќе ја поддржат Марин Ле Пен на митинг на 12 април

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинезите објавија видео во кое му се потсмеваат на Трамп за воведените царини

Sase Ivanovski

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Sase Ivanovski

Четири земји ги избегнаа новите американски царини

Sase Ivanovski

Најголемиот скандал со протекување информации од Белата куќа откри и една страшна вистина

Sase Ivanovski

Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација бараат Давкова да не ги потпише измените во образованието

Sase Ivanovski

Неосновано припишан сатанизам на советник на Општина Кочани и можен в.д. градоначалник

Sase Ivanovski

Македонија и Тајван го продолжија безвизниот режим за уште пет години

Sase Ivanovski

Дисциплинска постапка за полицајците што не даваа да се крене непрописно паркирано порше во Дебар Маало

Sase Ivanovski

Не може да се тврди дека одлуката на САД за новите царини само малку ќе се одразела врз економијата

Sase Ivanovski

(ИНТЕРВЈУ) Ана Каранфилова-Мазневска: Со правилна селекција, количината отпад може да се намали повеќе од 60 отсто

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ и уште еден протест денеска во Кочани

Sase Ivanovski

АЕИ: Формулата за царини на претседателот Трамп нема економска логика – и се базира на грешка

Sase Ivanovski

Уписите во средните училишта почнуваат на 14 јуни

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонија ја покажува својата лојалност, но не секогаш го добива очекуваното

Sase Ivanovski

МВР апелира граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, туку да ги пријават

Sase Ivanovski

Пресудите за Ле Пен и Георгеску се суверени одлуки на францускиот и романскиот суд

Sase Ivanovski

Пијан возач со украдено возило искршил рампи на наплатна станица кај Неготино

Sase Ivanovski

Демонстрации ширум САД против политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Нема промени во здравствената состојба на сите повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Таравари сака да биде главен во ВЛЕН или прави терен за вртење кон ДУИ?

Sase Ivanovski

Српско семејство за прв пат позира пред камера во Крагуевац, 1896 година. Ја донеле дури и својата сакана крава, сметајќи дека е дел од семејството

Sase Ivanovski

Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени

Sase Ivanovski

МНР: Се преземаат сите активности за организација на транспортот на телото на починатиот Карадакоски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИВА Е ПАЛАНКА, КОЈ Е КРИВ ЗА ЦИЈАНИДОТ?-Митовски,Гиновска,Стојановска,Ристовски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Скопјанец бил рекетиран во парк во Гази Баба

Sase Ivanovski

Малолетници физички нападнале 45-годишен скопјанец

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападот врз мојот роден град покажува дека Русија не сака мир

Sase Ivanovski

Ирскиот пасош најмоќен во светот за 2025, Македонија на 81 место

Sase Ivanovski

Време е да запре селективната правда: Со фотографии од загинатите, семејствата и роднините излегоа на протест во Кочани

Sase Ivanovski

Измамници ги контактираат жртвите преку мобилен телефон со скриен број, граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки

Sase Ivanovski

Мајла Чусто, по потекло од Босна и Херцеговина, беше назначена за потпретседател на SpaceX – една од најиновативните вселенски компании во светот.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Голема корупциска афера во Украина: Милиони евра исчезнаа преку набавка на храна за војската, а на крајот купија и хотел во Хрватска!

Sase Ivanovski

Во акциска контрола МВР влезе во објекти во Тетово, пронајдени дрога и ножеви

Sase Ivanovski

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Sase Ivanovski

Повредено 26-годишно момче додека работело во фабрика во Виница

Sase Ivanovski

Шкендија казнета за нечовечкото скандирање во Тетово, пет натпревари без публика

Sase Ivanovski

УХМР за вечерва предупредува на можна појава на брз пораст на водостоите поради интензивен дожд

Sase Ivanovski

Mалолетник силувал неколкупати петгодишно девојче во Гостивар, обвинителството побара притвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директорката на Клиниката за пластична хирургија се заблагодари на сите доктори од странство кои помогнаа за пациентите по пожарот “Пулс” во Кочани.

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Пријателски разговор со Мевлут Чавушоглу, пратеник во Турскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи на Република Туркије.

Sase Ivanovski

„Издржете се, нема да биде лесно“: Трамп пркоси на царините

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода го добива еден од најголемите и најсовремени фитнес центри во Македонија!

Sase Ivanovski

Американците почнаа да наплаќаат тарифи од 10% во 00:01 по источно време

Sase Ivanovski

Изречени 85 мерки за сторени сообраќајни прекршоци на подрачје на град Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКА НЕСРЕЌА НА ОБИКОЛНИЦАТА БЛИЗУ ВОЛКОВО: АВТОМОБИЛ ПРЕВРТЕН, ПОЛИЦИЈАТА НА ТЕРЕН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Водата во Крива Река загадена, загадувач – нема!?

Sase Ivanovski

Преку петиција се бара ослободување на обезбедувачите во „Пулс“: Одговорноста е кај сопственикот, тие добивале наредби и немале избор

Sase Ivanovski

Автобус и автомобил се судрија на „Водњанска“, сообраќајот закрчен

Sase Ivanovski

Додик: Поддршката за мисијата ЕУФОР доколку не го пречекорила мандатот

Sase Ivanovski

За прв пат во анкетите, АфД се изедначи со ЦДУ/ЦСУ со 24 отсто поддршка од гласачите

Sase Ivanovski

Трамп: Кина е повеќе погодена од американските царини отколку САД од кинеските

Sase Ivanovski

Гостиварчанка и украла злато од сестра ѝ

Sase Ivanovski

„Остен“ додели повелби за придонес во развојот на карикатурата, хуморот и сатирата

Sase Ivanovski

Срѓан Керим за „Поршето“: Нема потреба од никакви коментари, постапено е по закон

Sase Ivanovski

Приведено 26-годишен маж од Неготино – украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на патарини на автопат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишено од слобода лице барано за издржување казна затвор

Sase Ivanovski

Гинов: Во ниту еден момент не е доведено во прашање водоснабдувањето на Битола, СДС да им се извини на битолчани што ги лаже

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да престане да лаже, сопственикот на возилото е казнет, а за полицајците има дисциплинска постапка

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека во моментот 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови.

Sase Ivanovski

СДСМ: Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска на Меѓународна контролинг конференција – Ефикасно управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика

Sase Ivanovski

Мојсова-Чепишевска: Конечно и ѕвездите зборуваат на македонски

Sase Ivanovski

Клековски: Политичкиот дијалог е возможен само ако се заснова на факти и аргументи, а Македонија веќе има Национална развојна стратегија како и Стратегија за здравство

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице во Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!

Sase Ivanovski

СРЕДБА НА МАКЕДОНСКАТА И АМЕРИКАНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПС НАТО

Sase Ivanovski

Средба Исени – Филипиду: Со заеднички сили во управување со миграциите и борбата со илегалната миграција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода неготинец, украл возило и под дејство на алкохол и без возачка дозвола скршил рампи на наплатни станици на автопат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири паника и манипулира пред избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино по нотите на Тодорчев и Стојановски го освои Прилеп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 6-тата фудбалска лига во Шведска, се сретнаа КСД Македонија и Преспа Бирлик, клубови со потекло од доселеници од Македонија. Мечот почна со 1 минутно молчење во чест на загинатите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со Ахмети и Таравари во Скопје! Куртуазна средба или сепак се „крчка“ нешто

Sase Ivanovski

Јовица Страшевски, адвокат на обвинетиот Љупчо Палевски за убиствата на Вања и Панче, го брани клиентот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАМИЛИИТЕ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ ДЕНЕСКА ОДДРЖАА МИРЕН ПРОТЕСТ

Sase Ivanovski

СРБИЈА КУПУВА СУПЕРКОМПЈУТЕР ЗА АИ ВРЕДЕН 50 МИЛИОНИ ЕВРА

Sase Ivanovski

Владимир Туфегџиќ го впери прстот во Обвинителството, оти не реагирале по сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дека грабнувања и убиства се планирале уште пред да се реализираат овие две

Sase Ivanovski

„The Dude“ во топ 100 кафулиња во светот

Sase Ivanovski
Вчитувам....