• Зоран Мишевски
![](https://www.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2025/01/27/genoa-monza.jpeg?itok=jQhpxBc8)
Во последниот натпревар од 22. коло на Серија А, Џенова ја совлада Монца со 2-0 (0-0), во дуел каде домашните беа подобриот ривал и на крајот сосема заслужено ги освоија бодовите.
Мечот се одигра на тежок терен поради дождливото време. По гужва во шеснаесетникот, Џенова доби пенал во првиот дел,пенал, но голманот Турати го прочита Пинамонти.
Џенова до најава за победата стигна во 61. минута. Фантастичен центаршут од слободен удар погоди Мартин, а Де Винтер беше на втората статива и од само неколку метри погоди со глава реализираше за 1-0. Тимот на Патрик Виеира успеа да го реши прашањето на победникот во 84. минута кога Васкез ја искористи асистенција од левата страна на Корне и со глава го совлада противничкиот голман.
- Џенова - Монца 2-0:
Гостите од Монца остануваат последнопласираната екипа во Серија А со само 13 бодови, додека Џенова дојде на 26 бода и е на дванаесеттото место.
Дуелот меѓу Венеција и Верона попладнево заврши без победник (1-1).