Нов удар врз џебот на граѓаните. Од денеска нов скок на цените на прехранбените производи во маркетите. Тоа се должи на новата стапка на данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто. Иако пред две недели владата донесе одлука за намалување на цените на основните прехранбени производи, денеска ново покачување.
На списокот производи кои ќе се даночат со 10 наместо со 5 отсто се сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервираната храна, храната за децата, гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, сите чаеви, тропското овошје, сите видови сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините.
Владата со големувањето на ДДВ-то на овие производи очекува во буџетот дополнителни 70 милиони евра.

Додади коментар