Прекинот на огнот во Појасот Газа треба да започне во недела како што е планирано, и покрај потребата преговарачите да решаваат некои прашања кои се уште виаст во последен момент, изјави во четвртокот американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Израел го одложи одржувањето на состанокот на владата за да го ратификува примирјето со Хамас, обвинувајќи ја милитантната група за задржување, дури и кога израелски воени авиони ја нападнаа Газа со воздушни напади за кои палестинските власти соопштија дека убиле 77 луѓе во текот на денот од објавувањето на примирјето.
Високиот функционер на Хамас, Изат ел-Решик рече дека групата останува посветена на договорот за прекин на огнот, кој треба да стапи на сила од недела за да се запре 15-месечното крвопролевање.
„Не е баш изненадувачки што во процес и преговори кои беа толку предизвикувачки и полн со толку многу, може да добиете лабав крај“, рече Блинкен на прес-конференција во Вашингтон. „Ние го врзуваме тој лабав крај додека зборуваме“.
Американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека последниот преостанат спор е околу идентитетот на некои затвореници кои Хамас сакаше да бидат ослободени.
Претставникот на претседателот Џо Бајден, Брет Мекгурк и пратеникот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, беа во Доха со египетските и катарските посредници кои работат на решавање на проблемот, кој треба да се расчисти наскоро, рече официјалниот претставник.
Портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер изјави за новинарите дека израелските преговарачи се во Доха за да се постигне решение.
Комплексниот договор за прекин на огнот беше договорен во средата по посредство на Катар, Египет и САД за да се запре војната што започна со смртоносните напади на Хамас врз Израел и кога израелските сили убиле десетици илјади Палестинци и ја опустошиле Газа.
Договорот предвидува шестнеделен првичен прекин на огнот со постепено повлекување на израелските сили од Појасот Газа. Заложниците земени од Хамас ќе бидат ослободени во замена за палестинските затвореници притворени во Израел.
Тоа го отвора патот за наплив на хуманитарна помош за Газа, каде што мнозинството од населението е раселено, соочено со глад, болест и студ. Редици камиони со хуманитарна помош беа наредени во египетскиот пограничен град Ел-Ариш кои чекаа да преминат во Газа, откако границата повторно ќе биде отворена.
Прифаќањето на договорот од страна на Израел нема да биде официјално додека не биде одобрено од безбедносниот кабинет и владата. Гласањето беше закажано за четврток, но премиерот Бенјамин Нетанјаху го одложи состанокот, обвинувајќи го Хамас дека поставува барања во последен момент.
„Израелскиот кабинет нема да се состане додека посредниците не го известат Израел дека Хамас ги прифатил сите елементи од договорот“, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Тврдокорните во владата на Нетанјаху сè уште се надеваат дека ќе го запрат договорот, иако се очекуваше мнозинството министри да го поддржат. Партијата на министерот за финансии Безалел Смотрич рече дека нејзиниот услов за останување во владата ќе биде враќање на борбите на крајот од првата фаза од примирјето. Екстремно десничарскиот министер за полиција Итамар Бен-Гвир, исто така, се закани дека ќе поднесе оставка.
Во Ерусалим, некои Израелци маршираа низ улиците носејќи лажни ковчези во знак на протест против прекинот на огнот, блокирајќи ги патиштата и препукувајќи се со полицијата.
Палестинците кои се радуваа на објавувањето на договорот беа очајни бомбардирањето да престане што е можно поскоро.
„Ние губиме домови секој час. Бараме оваа радост да не исчезне, радоста што беше нацртана на нашите лица – не трошете ја со одложување на спроведувањето на примирјето до недела“, рече жител на Газа Махмуд Абу Вардех.
Ден по објавувањето на примирјето беа забележани некои од најинтензивните израелски бомбардирања со месеци. Министерството за здравство на Газа соопшти дека во последните 24 часа загинале најмалку 81 лице, а околу 188 се повредени. Палестинската служба за итни случаи соопшти дека најмалку 77 од нив биле убиени од објавувањето на примирјето.