Трендафилов до функционерите: Една година сите да примаат 500 евра, ама да гласаат за исто толкав минималец за работниците!

На ден пред утрешниот протест на работниците, првиот синдикалец Слободан Трендафилов возврати на нападите од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ да земаат минимална плата од 500 евра за возврат да добијат достоинствени плати работници. 

Наместо Бране Петрушевски денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ продолжи со критиката кон синдикалците, денеска на ред потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски. Манасиевски обвини дека Пешевски за 4 месеци заработува исто колку работниците за цела година, додека, како што вели, ги лаже со минимална плата. 

Сојузот на синдикати на Македонија утре ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов порача дека не може да се одлучува за работниците без работниците.