Екипите на Орландо меџик и Голден стејт вориорс веќе се во плејофот на НБА откако ја оправдаа фаворитската улога и победија на првите плејин-мечеви.
Голден стејт благодарение на Стеф Кари ја доби драмата со Мемфис и победи со 121-116, па за противник во разигрувањето ќе го има Хјустон.
Орландо беше убедлив со 120-95 против Атланта и без поголеми проблеми си закажа дуел против актуелниот НБА-шампион, Бостон, во конференциското четвртфинале.
Мемфис и Орландо ќе имаат можност за поправен против екипите кои ќе победат во плејинот на деветтото и на десеттото место од регуларниот дел.