Студентите што ги блокираат белградските универзитети најавија план за прошетка од Белград до Нови Сад, на 30 и 31 јануари, со намера да им дадат поддршка на своите колеги од Нови Сад да ги блокираат сите три моста во тој град, со што ќе се одбележат три месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад каде загинаа 15 лица, пренесува Н1.
Првичниот собир е утре во 8:30 часот пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Еден час подоцна, во 9:30 часот е планирано поаѓање, а во 11:15 часот пауза и 15 минути молк на Универзитетот за криминалистика и полиција.
Во 21 часот и 30 минути го најавија пристигнувањето во Инџија, каде што ќе преноќат.
Следниот ден, 31 јануари, во 8 часот тргнуваат од Инџија, а првата пауза ја прават на кривината за Марадик во 10 часот.
На Варадинскиот мост треба да пристигнат во 18 часот, а по кратка пауза ќе се упатат кон Железничката станица Нови Сад.
На крајната дестинација треба да пристигнат во 19 часот и 10 минути, велат студентите.
Студентите во блокадата ги поканија заинтересираните граѓани да им се придружат.