Казахстан денеска најави отворање на наоѓалиште што содржи околу еден милион тони ретки метали, наводно најголемото во оваа огромна централноазиска земја, богата со природни ресурси. Изјавата е објавена во пресрет на самитот Централна Азија-Европска унија во Узбекистан, на кој ќе присуствуваат лидерите на пет централноазиски земји, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Тоа е моментално најголемото наоѓалиште на метали од ретки земји во Казахстан, кое содржи особено цериум, лантан, неодимиум и итриум, изјави портпаролот на казахстанското Министерство за индустрија.

Овие ретки елементи се важни за економијата, особено за технологиите за енергетска транзиција.

Европската унија е заинтересирана за ретките метали и природни ресурси на овој регион, кој историски е под влијание на Русија, но и поврзан со соседна Кина.


Администратор
03/04/2025 04:32