Комплетирана е четвртфиналната фаза на ВТА Мастерс турнирот во Вухан. Првата светска тенисерка Арина Сабаленка во два сета ја победи Елена Рибакина (2-0) за пласман меѓу четирите најдобри. Фаворитката испиша историја, стана четврта тенисерка која на еден турнир има „20 од 20“ победи од 1990 година. Сабаленка не виде голема мака, ги доби двата сета со по 6-3 и за час и 26 минути се пласира понатаму. Во полуфиналето Сабаленка ќе се судри со ...
Вухан, 11 октомври 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка попладнево загуби од Американката Џесика Пегула во полуфиналето на турнирот во Вухан со 6:2, 4:6 и 6:7 (2:7). Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Ова беше прв пораз на Белорусинката на турнирот во Вухан. Претходно таа имаше освоено 20 од 20 натпревари. Американката ќе се соочи со својата сонародничка Коко Гоф во финалето. Наградниот фонд на турнирто изнесува 3,7 милиони долари. ...
Третата тенисерка во светот, Американката Коко Гоф, се пласираше во финалето на турнирот во Вухан, откако денес во полуфиналето ја победи осмата тенисерка во светот, Италијанката Јасмин Паолини, во два сета со 6-4, 6-3. Мечот траеше еден час и 22 минути. Гоф седум пати ѝ го одзема сервисот на италијанската тенисерка, додека Паолини освои пет брејка. Во финалето, Коко Гоф ќе игра против Американката Џесика Пегула, која со 2-1 во сетови ја совлада ...

