СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на ДДВ на струјата ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот

Регулаторната комисија за енергетика минатата година во јули даде предлог за намалување на ДДВ на електрична енергија од 18 на 5 проценти, за што Владата даде позитивно мислење.

За предлогот на РКЕ, премиерот Заев кажа дека е вреден за разгледување, но остави простор за анализа, со цел да се видат економските параметри од ваквата мерка, особено во време на пандемија.

„Секако е вредно за разгледување, при што мораме да водиме грижа каков тоа импакт ќе има на севкупното обезбедување на доволни ресурси за економијата“, кажа Заев.

Пресметките на РКЕ, покажуваат дека ваквата мерка ќе значи 28 до 29 милиони евра помалку во Буџетот на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Ивановски: Во пост-ковид фазата клучни ќе бидат зелените инвестиции

Занаетчиската комора изрази загриженост поради доцнењето на петтиот пакет мерки

Влатко Зорба

Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Влатко Зорба