СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Директна авиолинија Скопје – Москва

Македонија и Русија ја обновуваат директната авио-линија Скопје-Москва која беше пролонгирана поради пандемијата со коронавирусот.

Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне во 17 часот и 10 минути.

Отворањето на директната авиолинија ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на авионот од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите.

Според најавеното линијата ќе ја има еднаш неделно односно секој петок .

Поврзани вести

Градежна комора: Недозволиво е поради еден изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во Општина Центар

Влатко Зорба

Спасовски до угостителите: Oсвен личниот интерес не гледаат ништо подалеку

Македонија и уште седум балкански земји заедно имаат помал БДП од Истанбул