Мота: Моите замисли беа добри, Јувентус не ми даде доволно време!

Тиаго Мота конечно проговори и даде неколку изјави за „Кориере дела Сера“ откако доби отказ во Јувентус. Поранешниот тренер на „бјанконерите“ се осврна на неколку важни теми и искрено кажа дека очекувал многу поголема поддршка од управата. 

Јувентус реши да му врачи отказ и на неговото место да го доведе Игор Тудор, но Мота смета дека управата морала да му даде повеќе време за комплетно да ги реализира неговите замисли. 

„Факт е дека можевме да одиграме многу подобро на неколку натпревари. Особено бевме лоши на последните два меча, пред да го добијам отказот. Ми беше потребно повеќе време за да ги реализирам моите замисли. 

Ме критикуваа дека не му давам простор на Влаховиќ, но тој играше навистина многу. Имавме здрава основа да се бориме за влез во Лигата на шампионите, а следната сезона сигурен сум дека ќе остваревме многу повеќе. Конечната одлука не беше моја, одиме понатаму, животот носи нови предизвици“, изјави Мота. 

Јувентус во моментов е на петтата позиција во Серија А, со вкупно 55 бода, еден помалку од четвртопласираната Болоња.