ВНИМАВАЈТЕ: Водата во Кавадарци заматена – се препорачува превривање!

Обилните врнежи од дожд попладнево ја заматија водата во Кавадарци.

Од ЈП Комуналец информираат дека водата мора да се преврива пред пиење.  

„Известуваме дека поради временските услови и  обилните врнежи на дожд, големата количина на вода која се слева во изворите Лукар предизвика заматување на водата во истите. Затоа е препорачливо водата, доколку се користи за пиење, задолжително да се преврива. Се надеваме дека во брзо време ќе се стабилизираат временските услови и ќе дојде до избистрување на водата“, велат од таму.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното