Голема е веројатноста дека Игор Тудор, хрватскиот стратег кој го превзема Јувентус од Тијаго Мота со договор до крајот на сезоната ќе остане на клупата на „старата дама“ и во сезоната која следи со оглед на прикажаното на првите два натпревари.
Под водство на Тудор, Јувентус славеше против Џенова со 1-0, а потоа и ремизираше против Рома со 1-1 освојувајќи четири од можните шест бодови.
Сепак тоа што го фасцинира раководството на Јувентус е стилот на игра со доста креација во нападот, но и пожртвуваност во одбраната, стил кој сметаат дека треба да биде основа на секој екипа.
Раководството на клубот е задоволно од Хрватот и му го продолжи договорот, но само доколку биде исполнет најголемиот услов – пласман во Лигата на Шампионите за следната сезона.
Во моментот Јувентус е на петтата позиција на табелата со 56 освоени бодови, еден помалку од четвртопласираната Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА