16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗМаск: Активиравме „чувар“ во сите тесли поради вандалите

Маск: Активиравме „чувар“ во сите тесли поради вандалите

„Sentry Mode“ ги користи камерите и сензорите на автомобилот за откривање и снимање на сомнително однесување во околината.

Тесла ги засили безбедносните мерки во своите продажни салони по бранот вандализам и протести насочени против Илон Маск и компанијата, изјави Маск, кој е и советник на претседателот Доналд Трамп.

„Компанијата ја зголеми безбедноста и го активираше „Sentry Mode“ на сите возила во продавниците“, објави Маск на платформата X.

Што е „чуварски режим“?

„Sentry Mode“ ги користи камерите и сензорите на автомобилот за откривање и снимање на сомнително однесување во околината.

Во прирачникот за Model 3 стои: „Sentry Mode е интелигентен безбедносен систем кој ве предупредува за потенцијални закани во близина“.

Тесла објави дека секој нејзин автомобил има најмалку седум камери.

Автомобилите на Tesla се цел на напади ширум светот

Вандали ги нападнаа дилерите на Тесла, магацините за возила, полначите и приватните автомобили низ САД и во други делови на светот во последните неколку недели.

Покрај тоа, Тесла беше исфрлен од меѓународниот саем за автомобили во Канада од безбедносни причини.

Полицијата во Онтарио истражува серија напади во кои беа оштетени речиси 80 возила – беа изгребани автомобили и исечени гуми.

Тројца Американци обвинети за „домашен тероризам“

Тројца Американци сега се соочуваат со федерални обвиненија за напади врз објекти на Тесла во три американски сојузни држави, објави јавниот обвинител Пем Бонди.

„Ако се приклучите на овој бран домашен тероризам против Тесла, Министерството за правда ќе ве стави зад решетки“, рече Бонди.

Овие напади доаѓаат во време кога Маск го води Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој има задача драстично да ги намали владините трошоци.

За време на првиот мандат на Трамп, неговите хотели и имоти беа честа цел на протести. Сега, во вториот мандат, се чини дека Тесла ја презеде таа улога.

Маск продолжува да ги води Tesla, X, SpaceX и други, додека го советува и претседателот Трамп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП