26 Април, 2025
0.0330

СДСМ ЌЕ БИРА ЛИДЕР: Филипче е единствен кандидат

Објавено во: Македонија 05 Април, 2025 19:48

Добивај вести на Viber

Венко Филипче e единствен кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 

Партијата утре избира нов партиски претседател. Актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори.

Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ на 78 избирачки места во државата, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 8 до 20 часот. Надлежна за спроведување на гласањето е Централна изборна комисија.

Од СДСМ информираат дека Централната изборна комисија го потврдила и го затворила Избирачкиот список, на кој активно регистрирани се 23.712 членови, обезбеден е избирачки материјал, паравани за тајност на гласањето, избирачки кутии, ознаки и се што е потребно за изборниот ден. Гласањето на болни и немоќни е овозможено, еден ден порано, односно во сабота на 5.4.2025 година.

Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради пожарот во Кочани.

Филипче за лидер беше избран во јуни лани на вонредните избори кои СДСМ ги организираше по оставката на Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Бугарија четири месеци има нова влада, Муцунски чека да биде повикан на првата средба

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Застреланиот на Бит Пазар е син на поранешен командант на ОНА

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

Меџити: Ми се јавија од ДУИ и ми рекоа да се вратам кај нив

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Претседателката на ДКСК не дошла на работа

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

МАЖ ИСТЕПАЛ СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК: Кршел инвентар и фрлал со тврди предмети

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ФИЛИПЧЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА НА ВМРО-ДПМНЕ: Немам виза која е поврзана со милиони и авиони

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ПО ПУКАЊЕТО НА БИТ ПАЗАР: Почина 31-годишен скопјанец кој се здоби со повреди

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

ЗА ИСТРАГАТА ЗА TУЃА НЕГА И ИНВАЛИДСКИ ПЕНЗИИ: Дел од осомничените се во ефективен, а дел во куќен притвор

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа

НЕ СМЕЕ ДА ИМА КОНТАКТ СО ПРЕДМЕТИ: Татјана Димитровска не се појавила на работа