Ракомет

Драган Аџиќ има нов клуб

Драган Аџиќ има нов клуб

Ракометниот стратег Драган Аџиќ, би можел во следната сезона да седне на тренерското столче на Мошонмаѓаровар, пишува „Handballexpert“.

Аџиќ моментално е без клупски ангажман, откако во ноември минатата година поднесе оставка од тренерската функција во Крим.

Црногорецот на репрезентативно ниво е селектор на женската сениорска репрезентација на Словенија и на словенечката клупа седи од месец април 2021 година.

На клупско ниво го предводеше и Будуќност. Со овој клуб двапати ја освои Лигата на шампионите, во сезоните 2011/12 и 2014/15.

To top