(Не)одговорност за поплавите – неисчистени речни корита, отсуство на атмосферска канализација

Излевањето на Маркова река е нов случај предизвикан од стари проблеми. По секоја ваква природна катастрофа први на сцена излегуваат „политичките херои“. Префрлање на надлежности, обвинување за непостапување и неизвршување на обвски, се само дел од преписките помеѓу финкционерите во последниве 12 часа. Градоначалникот на Општина вода  Кисела Орце Ѓеорѓиевски влезе во нов вербален дуел со градоначалничката на Скопје Данела Арсковска. Ѓеорѓиевски вели локалната самоуправа редовно ги чисти каналите и коритото на реката.

Орце Ѓеорѓиевски градоначалник на Кисела Вода: „Каналите и реките кои се во наша надлежност, би ја споменал Мала Рада во Драчево, каде го уредуваме речното корито, тоа е исто така едно од местата каде што вчера кое беше изложено на силни води, но поради тоа што е целосно исчистен тој дел, тој појас тоа течение на реката немаше никакво излевање. Во меѓу време ние долгорочно го решаваме проблемота таму. “

Градоначалникот на Кисела Вода денеска пак и понуди на Арсовска доколку во град Скопје немаат капацитет за теренска работа општината ќе помогне. А по објавата на Ѓеорѓиевски на социјалните мрежи за синоќешните активности  Данела Арсовска го обвини Ѓеоргиевски за лажен хероизам. 

Данела Арсовска градоначалничка на Скопје: „Наместо навремено да реагира и да го спречи излевањето на реката тој избра да глуми спасител со лажен хероизам и да се фотографира на терен, без да признае дека проблемот е создаден токму поради неговата негрижа. “

Поплавата предизвика и проблеми  не само во делот на куќите и дворовите и нивите на мештаните. Веќе цел ден е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат  село Горно Лисиче  со село  Долно Лисиче, како и влезот за селото  Батинци во двете насоки.