Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, в петок ќе даваат 10 проценти попуст

Од:

Занаетчиската комора го поддржува најавениот бојкот на маркетите и повикува граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии, информираа денеска од ЗКРСМ.

– Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите да ги намалат цените на своите продукти, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

Од ЗКРСМ велат дека цените кај малите бизниси и занаетчиите се пониски и подостапни за сите. Во петок цените кај занаетчиите ќе бидат за десет проценти пониски за купувачите.

– Ова е мал, но важен чекор за да покажеме дека локалната економија може да ги поддржи граѓаните со поправедни цени и подобар квалитет. Апелирам секогаш кога се во можност, не само за време на бојкотот, туку секогаш, купувачите да избираат продукт кај малите занаетчии, повика Фазлији.

Би можело да ве интересира

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки

Ќе има затворање маркети и отпуштањa ако се ограничат маржите, Комората на трговци бара итна средба со Владата

Катерина Ѓуровски

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

За бојкотот на маркетите, министерот Дурмиши напомена дека е легитимно право на граѓаните и го поддржува

Мицкоски вели маркетите да ги објавуваат цените на веб сајт, СДСМ му порача да не се мајтапи со граѓаните

На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените

Катерина Ѓуровски