Одиме на плажа!

19 јуни 2024

Кога ќе зачекориме по ситниот песок и пред нас ќе се најде синилото до недоглед вистински момент е да ги оставиме сите грижи зад себе, да го впиеме летото со сите свои убавини и да издишеме длабоко.

Одморот е нешто што секој од нас со нетрпение го очекува и токму затоа сакаме сè да биде совршено, ништо да не недостига, да заминеме на плажа подготвени и полни со позитивна енергија.

Кога сме на тема подготовка ние сме секогаш тука со стилските идеи.

Од разни марами, летни фустани, ленени кошули и шорцеви, па сè до шешири, очила, сламени торби и интересен накит, летото дозволува да си поиграме со тоа што го носиме.

Летото ни носи шаренило од дезени, а од боите најчесто доминира белата, светло сината корално црвената...

И... одиме на плажа!

Фото : Pinterest

Објавено:
19 јуни 2024
Категорија: 
Тренд