Охридските гимназијалци на 25 април 2025 во НУЦК „Григор Прличев“ премиерно ќе ја изведат крими-драмата „The Mousetrap“ („Стапица за глувци“) од Агата Кристи на оригиналниот, англиски јазик. Овој нивни потфат, поддржан од Општина Охрид, е прв обид на македонско училиште да се претстави пред широка публика на немајчин англиски јазик, и тоа со претстава што е предизвик од повеќе аспекти.
„The Mousetrap“ е најизведуваната претстава во историјата на театарот, носител на Гинисовиот рекорд со преку 30.000 изведби низ 73 години во Лондонскиот театар Св. Мартин. Охридските гимназијалци ќе се обидат да ја доловат автентичната атмосфера од делата на Агата Кристи, неизвесноста и заплетот кој е својствен за оваа авторка. Во овој подвиг целокупната продукција на претставата е водена од самите ученици, почнувајќи од изработка на лого, промотивно видео, фотографија, водење на маркетинг кампања преку Facebook и Instagram, костимографија, шминка, тон, светло. Сценографијата е под менторство на професор по ликовна уметност.
Билетите за премиерата се достапни за широката јавност.
Актерска екипа:
Бисера Вранишкоска – Mollie Ralston
Матеј Баткоски – Giles Ralston
Константин Групчев – Christopher Wren
Ема Богданоска – Mrs. Boyle
Наум Трендафиловски – Major Metcalf
Евгенија Ставрева – Miss Casewell
Димитар Велкоски – Mr. Paravicini
Елени Наумова – Sergeant Trotter
Backstage екипа:
суфлер: Јана Каралиевска
тон, светло, реквизита: Марија Николоска
Мартина Тодороска
Исидора Маркоска
шминка: Јана Баткоска
Мелани Котоска
фотографија: Наум Стојаноски
изработка на лого: Ева Карамитре
изработка на промотивно видео:
Александра Наневска
Инстаграм страна: Мина Петреска
Евгенија Вељаноска
Instagram: mousetrapohrid
