• Мартин Танасковски

Некогашните репрезентативци на Македонија, Гоце Георгиевски и Столе Стоилов, беа незаменлив дел во резултатите на ракометната селекција во изминатите 15 години кога се градеше континуитетот на настапи на големите натпреварувања, а сега се во улога на навивачи.
Крилото на Вардар 1961 и асистентот тренер во редовите на македонскиот тим беа на трибините. Гласно навиваа за тимот на Кирил Лазаров, но поддршката од полната сала не донесе резултат.
Иако Македонија водеше со шест гола во првото полувреме, на крајот загуби со шест. Шанса за реванш против Словенците ќе се бара во Копер за четири дена.


