Реакција на Левица на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
- СООПШТЕНИЕ - Цената на квадратот, како и во сите случаи на купопродажба, е дефинирана со деловни преговори помеѓу продавачот и купувачот. Се работи за подрумски простории, кои се во руинирана состојба.

4 април 2025
Левица ги демантира паушалните обвинувања на премиерот Мицкоски и неговата криминогена партија, кои во обид да го амортизираат нивното катастрофално работење, шират невистини и спинови за единствената легитимна опозиција Левица.
Покрај обидот на Мицкоски да направи сензација од непостоечка тема, мислејќи дека ареолот на криминал кој тие го имаат воспоставено во политиката во однос на нивната Бела палата, ќе се преслика на другите политички партии - ја информираме јавноста дека Левица преку хипотекарен кредит ги обезбеди своите први простории откако постои, како централа за сите политички активности на Партијата. Односно, купените простории се под залог.
Цената на квадратот, како и во сите случаи на купопродажба, е дефинирана со деловни преговори помеѓу продавачот и купувачот. Се работи за подрумски простории, кои се во руинирана состојба.
Со спомнуваната банка Левица нема никаква деловна соработка, освен како продавач на овој имот кој бил под стечај веќе две години и пропаѓал.
Документите за купопродажба се јавно достапни во Катастарот на недвижности, иако премиерот на собраниската говорница мафташе со документи како да се службена тајна. Имено, кога станува збор за тајни документи, нам како опозиција повеќе не' загрижува вмешаноста на високите владини функционери во излевањето на државни тајни кон картели преку своето обезбедување.
Политичка партија Левица
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.