Фудбал
Дали Јунајтед навистина може да испадне? Легендата револтирана, го покажа списокот со натпревари

Иако ситуацијата се уште не е толку алармантна, испаѓањето на најтрофејниот клуб во Англија од лигата е тема која со денови го следи Манчестер Јунајтед.
Најголемиот фудбалски бренд во Англија е во катастрофална ситуација. Клубот е 15-ти на табелата и само две екипи го делат од зоната за испаѓање, а февруари веќе е при крај, па ситуацијата на „Олд Трафорд“ е без преседан, барем во модерниот фудбал.
Rio Ferdinand has revealed Manchester United’s “problem” amid fears over relegation. https://t.co/Xj9Ae7PmR4
— Irish Independent Sport (@IndoSport) February 18, 2025
Манчестер Јунајтед има среќа што нивните ривали од зоната за испаѓање не почнуваат да собираат бодови, а тоа се Лестер, Ипсвич, Вулверхемптон и останатите, па клубот е уште 12 бода од испаѓање. Сепак, легендарниот дефанзивец на Јунајтед, Рио Фердинанд не е сигурен дали неговиот тим ќе опстане во лигата и ги искажа своите загрижувачки ставови за неговиот популарен подкаст.
Фердинанд истакна дека тимот моментално има 29 бода, но дека традиционално за опстанок е потребна „магичната“ бројка од 40 поени. Тој не гледа начин Јунајтед да освои 11 бода до крајот на сезоната.
“Само Волвс и Вест Хем го делат мојот клуб од испаѓање. Сфаќате ли колку сме блиску? Велат дека ни требаат 11 бода за да останеме во лигата и јас почнувам да размислувам на тој начин. Имам список на натпревари овде и многу сум сериозен. Како да го поминам тоа прашува Фердинанд, па пресметува преку распоредот?”
„Евертон на гости, Ипсвич дома, Арсенал и Форест на гости, Манчестер Сити и Њукасл на гости, потоа Волвс, Брентфорд, Брајтон, Челзи, Астон Вила и Лестер. Единственото место каде што потенцијално можам да видам дека добиваме нешто, а не можам ни да предвидам победа, е Лестер.