Ѓорѓиевски и „ЕУ за чист воздух“: Се садат чинари во училиштата и градинките во општина Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на акцијата за садасување на дрвја чинари во ООУ „Кузман Шапкарев“ како дел од големата еколошка иницијатива, што Општината ја спроведува во сите училишта и градинки. Оваа акција се реализира со поддршка на Канцеларијата за проектни услуги во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“, финансиран од Европската Унија, која ги донира садниците.

 

„Засадувањето на секое дрвце е инвестиција во иднината на нашите деца. Како Општина, континуирано работиме на подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина. Оваа донација е особено значајна бидејќи се насочува токму кон училиштата и градинките – местата каде што нашите деца растат и се образоваат. Покрај многуте акции за пошумување, во сите училишта поставивме прочистувачи на воздухот, а во поголемите паркови на отворено – надворешни пречистувачи, достапни за сите граѓани. Нашата заложба за чиста и здрава животна средина нема да запре овде. Продолжуваме со реализација на еколошки проекти, кои ќе донесат подобри услови за сите жители на Кисела Вода“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски изразувајќи голема благодарност до Европската Унија и до Канцеларијата за проектни услуги за донацијата и поддршката на иницијативата.

 

„Овој проект е уште еден доказ дека споделуваме исти вредности – грижа за околината и за здравјето на идните генерации. Благодарност до сите што придонесуваат за оваа благородна цел. Заедно создаваме почиста, позелена и поздрава Кисела Вода“, додаде Ѓорѓиевски





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.