Поранешната американска водителка Лорен Санчез откри како се чувствува пред патувањето во вселената, само два месеци пред нејзината венчавка со милијардерот Џеф Безос.
„Во нашата куќа ја користиме изреката „Животот започнува од другата страна на стравот“. Верувај ми, и јас сум малку исплашена“, изјави таа во интервју за магазинот Elle.
Покрај неа, во вселената одат и американската новинарка Гејл Кинг, пејачката Кети Пери, поранешниот научник на НАСА, Аиса Боу, активистката за човекови права, Аманда Нгујан и филмската продуцентка Керијан Флин.
Ракетната мисија NS-31, предводена од Blue Origin, е закажана за 14 април. Ова е прв пат во вселената да лета целосно женски екипаж. За потсетување, во 1963 година, руската астронаутка Валентина Терешкова полета сама во вселената.
Патувањето во вселената ќе трае 11 минути. Откако ќе пристигнат, тие ќе можат да лебдат околу ракетата приближно четири минути пред да се вратат на Земјата.