Економија

ОД МАЈ ОПЕК ГО ЗГОЛЕМУВА ДНЕВНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА НАФТА

04.04.2025

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините придружни членки (ОПЕК +) најавија дека од мај ќе го зголемат производството за 411.000 барели дневнo,  што го продлабочи падот на цената на нафтата на светските берзи.

ОПЕК Плус првично се очекуваше да го зголеми производството за само 135.000 барели дневно. Постепеното зголемување може да биде суспендирано или откажано во зависност од развојот на ситуацијата на пазарот.

Светските цени на нафтата денеска паднаа за повеќе од четири отсто дури и пред објавувањето на одлуката од ОПЕК, бидејќи пазарите стравуваат дека новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп ќе разгорат глобална трговска војна која ќе го забави економскиот раст и ќе ја ограничи побарувачката за гориво.

Според податоците на берзата, цената на нафтата денеска во 16 часот и 20 минути се намали за 6,93 отсто на 66,687 долари, а на нафтата од типот „брент“ за 6,43 отсто на 70,128 долари за барел, пренесува Блиц.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО