Што значи за тебе да бидеш првиот L’Oréal Pro инфлуенсер во Македонија? Како дојде до оваа можност?
Салонот каде што предходно работев почна соработка со L’oreal Professional. Бев поканет на discovery семинар од страна на едукаторот од L’oreal Professional, Емилија. На којашто мислам дека не ѝ требаше долго време за да ги види моите квалитети како фризер и потенцијалот што го имам во себе за да работам како професионален инфлуенсер за Loreal Professional.
Кои трендови во фризерството ќе бидат најактуелниоваа година според тебе?
Мислам дека оваа година како и предходната волуменасто фенирање и пунџата на Памела Андерсон сѐ уште ќе бидат актуелни во светот на фризерството. 100% мока бојата ќе преовлада оваа година кај колористиката.
Која славна личност имала најинтересно барање зафризура? Како го реализиравте?
Слободно можам да кажам дека сите славни личности со кои што сум работел до сега немале посебни барања, јас сум бил тој што давал иницијатива да се направи нешто поинтересно од бранови.
Што можат клиентите да очекуваат од твојот нов салон? Како сакаш да се чувствуваат кога ќе влезат?
Можат да очекуваат како и секогаш, максимална посветеност, професионализам и другарство. Кога ќе влезат кај мене во салон не сакам да се чувствува никаква тензија, сите сме на исто- сакам да се чувствуваат како да се дома!
Кој е најголемиот мит за косата во кој луѓето веруваат, а ти би сакал да го разоткриеш?
Интересно, премногу ги има, но би сакал да потврдам еднаш и засекогаш дека масниот скалп не помага во ниеден случај на фарбањето, само му одмага на фризерот.
Кога би можел да направиш фризура на која било светска ѕвезда, кого би избрал и што би му направил?
Дефинитивно Росалиа! Поим за артист и уметник во секој поглед. Со свој стил и стас! А каква фризура би и направил, не знам ни јас, но сигурно не би било нешто секојдневно.
Ако твојот нов салон беше филм, како би се викал?
Не би можел да се одлучам. Но во сигурност би бил или Breakfast at Tiffany’s или Pretty Woman.
Дали некогаш си се нашол во ситуација ког афризурата едноставно не оди како што сакаш? Како го решаваш тоа?
Секако, тоа се случуваше на почетокот кога почнував да се бавам со оваа професија. Потребен е само поголем фокус на тоа што сакам да се направи.
Што е твојата „тајна состојка“ за совршена фризура? Има ли некој производ или техника без кој не можеш?
Ниедна фризура не ја правам без линијата Techni Art на L’oreal. И исто така фокусот и разговорот со клиентот на секој чекор од фризурата. Кога сите три ќе се помешаат заедно се добива совршениот производ.
Која е твојата омилена фризура за „немам време, ама сакам да изгледам топ“ моменти?
Дефинитивно пунџата на Памела Андерсон!