Во вечерното дерби во четвртфиналето на Лигата на Европа видовме „луд меч“ меѓу Лион и Манчестер Јунајтед во Франција, каде резултатот беше 2:2 со голови во самата завршница на средбата.
Натпреварот го одбележа нова грешка на голманот на „ѓаволите“ Андреа Онана, кој е директно заслужен за првиот гол на Лион, но и покрај тоа англискиот тим успеа да дојде до поволен резултат пред реваншот на домашен терен.
Јунајтед со головите на Лени Јоро и Џошуа Циркзе, успеа да дојде до целосен пресврт за 1:2, но возбудувањата не завршија тука, бидејќи Рајан Черки во последните моменти ги врати работите во нормала и израмни на 2:2.
Тотенхем на домашен терен одигра само 1:1 против Ајнтрахт (Ф), додека екипите на Ренџерс и Атлетик (Б) останаа на 0:0 по 90. минути во Шкотска, па реваншот во Баскија ќе решава за место во полуфиналето.