ВИДЕО: Што се случува со судиите во Премиер, како може за ваков старт да нема исклучување?

Екипата на Ливерпул му се одмазди на градскиот ривал Евертон за киксот на „Гудисон Парк“ пред неколку месеци и со голот на Диого Жота издовјува минимална победа во последното овосезонско „Мерсисајд“ дерби.

Но, триумфот на „црвените“ падна во сенка на една ситуација од самиот старт на натпреварот, по која сите се прашуваат – „Што се случува со судиите во Премиер лигата?“.  Џејмс Тарковски се извлече и не доби црвен картон во дербито на Ливерпул во поразот на неговиот Евертон (1-0).

Се играше 11. минута кога гостинскиот дефанзивец Џејмс Тарковски остро тргна на топката, ја допре и потоа со отворен ѓон го фаулираше Мекалистер. Сите на стадионот очекуваа исклучување на Тарковски, но тоа не се случи. 

Судијата Берот дури гледаше ВАР снимка и не ја промени својата првична одлука и дефанзивецот на Евертон заврши само со жолт картон.

Состави

Арне Слот

4-2-3-1

    Дејвид Мојс

    4-2-3-1