Тренерот Рубен Гарабаја доби добри вести од медицинскиот тим околу ситуацијата на голманот Давид Брестовац, кој се здоби со повреда на дуелот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер во Скопје. Во финишот од првото полувреме вардарци со цепелин сакаа да ја измамат гостинската одбрана, но Брестовац одлично се отвори и го спречи ударот на Јака Малус. Но, вардаровиот бек по ударот падна врз ногата на младиот македонски голман, кој веднаш се фати за ...

Екипата на Еурофарм Пелистер го загуби дербито со Вардар 1961 во Суперлигата, но на средбата во СЦ „Јане Сандански“ остана и без голманот Давид Брестовац. Брестовац влезе од клупата да му помогне на искусниот Никола Митревски, меѓутоа забрзо потоа имаше еден непријатен судир со Јака Малус по што мораше да го напушти теренот. Стравувањата беа дека се работи за нешто посериозно, потешко и дека младиот Брестовац ќе мора подолго време да паузира од ...