logo
logo
logo

Во Санкт Петербург се сретнаа претставникот на Трамп,Виткоф со рускиот претседател Путин(ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2025

Во Санкт Петербург се сретнаа претставникот на Трамп,Виткоф со рускиот претседател Путин(ВИДЕО)

На почетокот на средбата во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, Виткоф му се заблагодари на рускиот лидер за одвоеното време, пренесе Скај Њуз.

Специјалниот пратеник на САД, гледајќи го Путин, си ја поправи вратоврската, а потоа ја стави дланката на градите, пренесува РИА Новости.

После тоа се ракувале, а ракувањето траело седум секунди, пренесува РИА Новости.

„Господине претседателе... Ви благодариме за одвоеното време“, рече Виткоф.

Политичарите потоа разговорот го продолжија зад затворени врати.

Како што претходно јави руската агенција, Виткоф, кој денеска пристигна во Санкт Петербург, претходно во хотелот Гранд Европа во Санкт Петербург се сретна со специјалниот пратеник на рускиот претседател и извршен директор на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, пред средбата потврди дека таа ќе се одржи зад затворени врати.

„Средбите не се тајна, ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Тој двапати дојде во Москва, денес - во Санкт Петербург... Но, самиот преговарачки процес е затворен процес“, му рекол Песков на рускиот новинар Павел Зарубин во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, пренесува руски Интерфакс.

Според него, Путин и Виткоф ќе продолжат директно на разговорите што се водат во зградата на претседателската библиотека во Санкт Петербург.

„Преговорите почнуваат веднаш. Обиколка на библиотеката нема да има“, рече Песков.

Тој додаде дека ракувањето меѓу Путин и Виткоф на почетокот на средбата „е сосема нормален показател, ова не е прв пат тие да се сретнат“.

Песков рече дека не е одредено време за оваа средба.

„Тоа ќе се одвива се додека е потребно, а ќе се разговара за различни аспекти на решението за Украина, билатералните односи и нормализацијата на активностите на дипломатските мисии“, додаде Песков.

Претходно прес-службата на Кремљ објави дека средбата меѓу Путин и Виткоф започнала во претседателската библиотека во Санкт Петербург и објави видео од нивното ракување пред почетокот на разговорот.

Последен пат Путин беше домаќин на Виткоф во Москва на 13 март 2025 година, а претходната средба беше одржана на 11 февруари, по што следеше голема размена на руски и американски затвореници.

Сепак, ниту Кремљ ниту Белата куќа официјално не го потврдија фактот за првата средба. На 23 февруари Виткоф рече дека се сретнал со Путин, но не прецизираше датум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk