Италијанските медиуми пренесуваат денеска дека управата на клубот на крајот од оваа сезона ќе му се заблагодари на Португалецот Серџо Консеисао, кој во јануари го наследи сонародникот Пауло Фонсека.
Според истите извори, челниците на Милан сакаат Италијанец на клупата за која главни кандидати се Де Зерби, Алегри, Конте и Италијано. Тројца се под договори, додека Алегри е без тренерски ангажман.
Де Зерби во моментов е на чело на Марсеј, Конте е на клупата на Наполи, додека Италијано ја предводи Болоња