8.8 C
Скопје
02:41 - 4 април, 2025

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна во текот на Утринската програма им зборувала на своите гости за хигиената која ѝ е многу важна.

Таа конкретно им се обратила на мажите, нагласувајќи дека тие мора да бидат „строени“ и „чисти, парфимирани и задолжително без првут“.

– Извинi, те молам, сите гости мора да бидат „пицикато“ кај мене, под мојата иста маржа, што би рекол, во строј. Зошто? Затоа што гледачите на „Пинк“ телевизија ги заслужуваат најубавите гости. Немој некој да ми дојде небричен, неисчешлан, со првут. Кога ќе видам маж дека има првут, јас се превртувам. Повеќе никогаш не сакам да го видам во животот – рекла Јована, а потоа открила што ѝ се случило:

– Тоа ми се случи два-три пати во животот, не е важно, со еден гостин и повеќе, навистина, колку и да донесе гледаност, не го поканив во емисија. Кога ќе видам маж неуреден, едноставно не може да седи со мене. Тоа едноставно го загрозува моето енергетско поле. Ми се допаѓа кога мажот мириса убаво, кога е избричен, кога е среден. Ако има брада, нека е негувана брада, тоа да има некоја поента во животот. А не да ми дојде овде апа-драпа. Не сум јас за апа-драпа и за танте-манте, туку за мега, гига и главно.

Водителката веќе извесно време ужива во љубовта со бизнисменот Драган Станковиќ, со кој наскоро планира да се венча.

– Нема да има класична венчаница. За мојата втора свадба одлучив да облечам костум, и тоа специјално дизајниран за мене. Ќе биде во боја на шампањ, со златни циркони и златни детали, ќе изгледа брутално. Сакам да биде вистински костум во склад со мојот темперамент – изјавила Јована за „Информер“.

 

Слични објави

(Фото) Катарина со драстични мерки: Ее што му напиша на гаќите на Дарко Лазиќ!

Еспресо

Ѓани е во голем минус поради повредата, жена му искрена: „Само нека е жив и здрав!“

Еспресо

Наташа Беквалац хоспитализирана! Пејачката се огласи од болница со важна порака

Еспресо

Голема прослава во домот на сестрата на Богдана Ражнатовиќ: Од сите страни пристигнуваат честитки – „кукло моја“

Еспресо

(Фото) Сандра Африка го „запали“ интернетот: Пејачката позираше во минијатурно бикини на плажите на Малдиви

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Важноста од нефролошки преглед при СБМ

Еспресо