ИКТ: Содржините на „Спорт клуб“ во целост ќе се емитуваат на „Арена спорт“ каналите

Кабелските операторите обединети во ИКТ здружението ги известуваат своите коминтенти и јавноста дека согласно известувањето добиено од „United Media“ и постојните договори, дека содржините на Спорт Клуб согласно преземањето на ТВ правата, ќе бидат префрлени и инкорпорирани во програмите на Арена Спорт каналите.

Следствено на ова, реемитувањето на Спорт Клуб каналите ќе биде укинато од сите оператори во Македонија, во најкраток рок, согласно техничките можности и како што информиравме погоре, овие програми ќе се емитуваат на Арена спорт каналите.