• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Стоилковиќ присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечер организирана од МАТТО

Стоилковиќ присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечер организирана од МАТТО

Скопје, 12 март 2025 (МИА) – Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска, во име на досегашната и идната соработка со цел унапредување на економските и другите односи помеѓу зејмјава и Република Туркије, присуствуваше на традиционалната Ифтарска вечер, организирана во светиот месец Рамазан од страна на Македонско-турската комора МАТТО.

Како што соопштуваат од Министерството, Стоилковиќ истакнал дека ваквите денови и поводи се потсетник за взаемна почит, затоа што само така може да се изгради подобра иднина.

– Чест ми е што почитувајќи ја традицијата ги зајакнуваме нашите, пред сѐ, пријателски врски. Ваквите денови и поводи се потсетник да се почитуваме едни со други затоа што само така можеме да градиме подобра иднина, а прикажувајќи ја убавината на нашето повеќе културно и повеќе етничко општество да заборавиме на поделбите и меѓусебното непознавање на различните заедници, истакнал Стоилковиќ по Ифтарската вечер одржана во хотелот „Хилтон“. ра/ев/

Фото: Кабинет на потпретседател на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците

 

Остани поврзан